Левица – Штип: Извршителите и полицијата го иселува семејството Бањоглави од нивниот дом

Левица Штип Извршители

Поради тешка економско-материјална состојба, семејството Бањоглави од Долни Балван од Штип, земало долг од 10 000 евра, кои подоцна го вратиле двојно, но, заради враќањето на рати, лихварските камати не престанале да растат. Кога треба да им се наплати на најсиромашните слоеви од населението, спрегата лихвар, нотар и извршител одлично функционира а полицијата рутински ја спроведува задачата.

Шест години подоцна, семејството Бањоглави останало без единствениот дом и сиот имот што го поседува. Оваа корелација помеѓу државните органи и локалните лихвари е уште еден доказ како функционира државниот апарат, кога се осиромашуваат обичните луѓе. Ваквиот однос, особено кон ранливите категории на граѓани мора да престане, а за решавањето на ваквите проблеми потребно е да се изнајдат системски решенија.

Заради преќин на ваквата пракса, Левица инсистира на законски решенија со кои ќе се укинат извршителите, целосно ќе се забрани постоењето на лихварите, а за сиромашните категории на граѓани ќе се обезбедат нови форми на помош како и државни позајмици (кредити) без каматна стапка.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ШТИП
16 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ