Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Поради интересите на САД, Македонија поддржува агресија и притисок кон Куба

    Пред десетина дена во своето обраќање до нацијата, претседателот Марио Дијаз Канел објави дека САД сакаат да предизвика внатрешна социјална катастрофа во Куба, барајќи меѓународни „хуманитарни мисии“, што би резултирало со инвазии и воена интервенција.

    Официјално, овој процес започнува со документот објавен на 26 јули 2021 година од страна на Стејт Департментот. ВО ИМЕ НА ,,ДЕМОКРАТИЈАТА” МАКЕДОНИЈА ПОДДРЖУВА АГРЕСИЈА КОН КУБА! – Министерот за надворешни работи Бујар Османи е еден од потписниците на овој документ, со кој практично се дава поддршка на САД да „интервенираат“ во Куба.

    Македонската дипломатија продолжува со слугувањето кон своите вазали, слепо подржувајќи го секој нивен чекор.

    Потсетуваме дека Македонија беше соучесник на САД во дваесет годишната војна во Авганистан, кој е доказ дека „хуманитарна интервенција“ е империјалистичка лага. Војната во која учествуваше македонската армија го претвори Авганистан во земја каде 42 проценти од населението (над 13 милиони луѓе ) се „изложени на ризик од глад“. Земјата е трета во светот по смртност заради недостаток на храна.

    Очигледно домашните квислинзи не ја научија лекцијата, а Македонија ја претвораат во активен учесник на империјалистичките и убиствени политики на САД.

    Левица застанува остро против ваквата самоволна одлука на Власта. Сметаме дека потпишувањето на овој документ е поддршка на воени интервенции чија задача е целосно да уништат една Социјалистичка Република, остави зад себе пустош, голем број невини жртви и ненадоместлива материјална и нематеријална штета. Нарушување на суверенитетот и вмешување во внатрешните работи на Куба од страна на Македонија не смее да има.

    Во октомври минатата година, Куба и нудеше помош на Македонија во справувањето со здравствената криза предизвикана од Корона вирусот. Денес, Македонија е подржувач и соучесник во „уништувањето“ на државата која ни нудеше помош.

    Патем, овој документ не е поддржан од „водечките“ држави на ЕУ како: Германија, Франција, Шпанија, Шведска и т.н.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И БЕЗБЕДНОСТ
    29 ЈУЛИ, 2021

    Најнови објави