Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

ЛО Свети Николе организираше пошумување за потсетување на институциите дека тие ја имаат оваа обврска

Една од ретките а можеби и единствената работа околу која политичките фактори во Општина Свети Николе беа согласни е зелената политика и пошумувањето.

Денес, кога сме во период од годината погоден за пошумување, сведочиме дека како локалната така и централната власт се однесува како ова воопшто да не е приоритет.

Се почесто, наместо задолжените институции, граѓаните самоорганизирано учествуваат во „зелени акции“ (пошумување, чистење отпад…) и покрај тоа што за ова се издвојуваат буџетски средства како од централната така и од локалната власт.

Заради ова, со цел да се потсетат институциите дека тие се носители на обврската да ја креираат, управуваат и напредуваат зелената политика која е на релативно ниско ниво, ЛО Левица од Свети Николе за време на викендот организираше пошумување на неколку локации.

Во наредниот период од страна на Левица ќе биде побарано креирање на Општинска стратегија за зелена политика, чиј приоритет ќе биде справување на институциите со еколошките проблеми кои ги засегаат граѓаните во Општина Свети Николе.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
28 март, 2022

Најнови објави