Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Ковачевски по стапките на Груевски со легален поткуп на медиумите

Авторитарниот режим на СДС ги продолжува сите негативни политики на режимот кој им претходи, за конечно да го задушат јавниот простор и слободната мисла – иако на пржинските средби со Груевски решавањето на овој проблем им беше од императивно значење.

По пауза од четири години, праксата законски да се корумпираат медиуми која ја усоврши претходната власт на ДПМНЕ со Никола Груевски, сега повторно ја враќа назад СДС.

Пратениците од владејачкото мнозинство, по скратена постапка, предложија измени на Законот на медиуми со која се брише Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што се враќа праксата медиумите легитимно да се хранат со пари од владини кампањи. Според овие измени, најголем дел од парите ќе ги добијат националните телевизии, вкупно 2,8 милиони евра, додека многу помал дел ќе добијат регионалните меидуми.

Овој начин на владино рекламирање во медиумите беше критикувано, и се споменуваше во извештаите на Европската комисија и на други релевантни меѓународни институции како форма на притисок и контрола врз медиумите во Македонија.

Новинарските здруженија, ЗНМ, ССНМ и МИМ неколку пати јавно се изјаснија против ваквиот начин на финансирање на приватните медиуми кој беше пракса до 2018 година.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
17.11.2022

Најнови објави