Македонија стана финансиски заробена земја, рај за странските инвеститори

0
33

Македонија и понатаму е нето-должник кон остатокот од светот, со негативна нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) од 7.851 милионе евра, или 56,3 отсто од проектираниот БДП, заклучно со третиот квартал за 2022 година, што нè прави запоседната земја.

Овој показател покажува колкави се нашите побарувања во странство во вид на акции, директни инвестиции, хартии од вредност, депозити, заеми, портфолио инвестиции и колкава е активата на остатокот на светот во Македонија.

Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според Европската комисија, препорачана граница на МИП изнесува -35 отсто од БДП.

За да се добие целосна слика, покрај висината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на МИП по инструменти, која според некои аналитичари кај нас е поволна поради високото учество на директните инвестиции од речиси 84 отсто. Но дали навистина Македонија има корист од странските инвеститори?

Највисоко е учеството на Австрија со влезот на ЕВН во 2006 година и на Шпаркасе банка во 2008 година на македонскиот пазар. Џонсон Мети, британска компанија во ТИРЗ зоната која е една од најуспешните компании, со профит речиси од 82 милиони евра годишно, сè уште исплаќа минимални плати на вработените, иако во ТИРЗ зоните одлеани се значајни суми народни пари како директна помош и бројни царински и даночни олеснувања. Грција учествува со околу 300 компании во трговијата, текстилната, услужната и тешката индустрија, а меѓу најголемите инвестиции се купувањето на Стопанска банка Скопје од Националната банка на Грција, Окта од Хеленик Петролеум, Цементарница Усје од Титан, Мермерен комбинат од Павлидис мермер и гранит и Енерџи деливири солушнс од ППЦ.

Набљудувано секторски, странските директни инвестиции во Македонија доминантно се насочени во секторите енергетика, телекомуникации, градежништво, банкарство и осигурување. Овие дејности се најпрофитабилни, последниве години држат монопол и ги диктираат цените на пазарот и додека народот се мачи да врзе крај со крај, странските инвеститори профитираат врз неговиот грб.

РАЈОТ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ Е ПЕКОЛ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.01.2023

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде