Иницијатива за санирање на улици на територија на општина Бутел и иницијатива за перење на улиците на територија на општина бутел

Левица Бутел

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денеска од страна на советникот од Левица Дарко Димовски до градоначачникот на Општина Бутел г-дин Дарко Костовски се поднесоа две иницијативи.

Во првата, иницијативата за санирање на улици на територија на Општина Бутел, се наведени одредени улици кои се оштетени како резултат на активност на одредени претпријатија кои што санирале одредени дефекти. Притоа некои од дупките се стари повеќе од шест месеци со што се отежнуваат нормалното функционирање на сообраќајот.Во случај таа обврска да е должност на претпријатијата потребно е општината да иницира таа обврска да си ја завршат самите претпријатија.

Во втората иницијатива, иницијатива за перење на улиците на територија на Општина Бутел се покренува со цел да се подобри хигиената во општината.Знаеме дека во зимскиот период се користи ризла за да се спречи пролизгување на возилата која останува на асвалтот и може да биде непријатна за учесниците во сообраќајот. Доколку иницијативата биде прифатена предлагаме тоа да се изврши кога ќе се подобрат временските услови т.е. ќе нема минусни температури и ќе се избегне замрзнување на улиците.

Искрено се надеваме дека градоначалникот ќе ги прифати и реализира овие две иницијативи, а притоа ги повикуваме жителите на Општина Бутел нивните предлози и локални проблеми да ги споделат со нас а ние ќе инсистираме на нивно решавање.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БУТЕЛ
02 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ