(Видео) Апасиев: Патриотите на батерии од ДПМНЕ, квислинзите од есдеес и сецесионистите од ДУИ ја ставаат јамката на парламентарната демократија

Апасиев собрание

  • (Обраќање на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница, по однос на амандманите за спречување на носењето недемократски Деловник)

„Почитувана јавност,
Непочитуван, дезертер од претседател и непочитувани колеги пратеници,

Денес се спрема ‘мастермајндот’ на шверцератот во Собранието на Република Македонија. Патриотите на батерии од ДПМНЕ, квислинзите од есдеес и сецесионистите од ДУИ ја ставаат јамката на парламентарната демократија преку точка 1 во дополнетиот Предлог – деловник на Собранието на Република Македонија. Овие три политички аждаи кои ја цицаат крвта на Македонскиот народ сакаат во иднина да нема опозиција.

„Албанската“ т.н. опозиција која сега со окрупнува не знае што ѝ се спрема. Тоа што ви се спрема, почитувани колеги, е тоа што ДПМНЕ и ДУИ ќе ви ги шверцаат сите закони со европско знаменце во следниот парламентарен состав. Затоа и сега им го прават кворумот. Вие ќе бидете повторно изиграни и затоа, отворете си ги очите, што вие всушност гласате и во каков консензус вие сте се впуштиле.

Ова што денес ќе го направи Претседателот на Собранието на Република Македонија е без преседан во парламентарната историја. Тоа е планирано фрлање на две и пол илјади амандмани од страна на Левица кои се уставно загарантирана категорија.

Претседателе, Ви давам чесен пионерски збор, дека ова нема да ви биде простено и услов за секоја идна влада во која ќе има можност да учествува Левица, ќе биде Вие да скапете во затвор токму поради ова. Токму поради тоа што се ставате над Уставот и над законите. Ќе видиме како ќе тече оваа точка.

Барам, заради деескалација на ситуацијата, која јавноста не знае колку е сериозна – а сериозната почитувани, е во тоа што, во идниот парламентарен состав, СЕКОЈ ЗАКОН, ама буквално СЕКОЈ закон ќе биде како сегашниве, озлогласен со ЕУ знаменце. Тоа значи дека опозицијата, без оглед дали има педесет и девет, педесет и осум, или било колку пратеници, нема да може ништо да спречи. Тоа е влез во диктатура, ви кажаа сите, ви кажаа и професори, ви кажаа поранешни пратеници, сите. Упорно одите со главата во ѕид.

Ние сме тука со сите сили да ве спречиме. Одите кон ескалација на ситуацијата, за таа цел предлагам, точката 1 да се симне од дневниот ред и во порекласирана атмосфера, да се донесе утре – задутре, кога ќе се политички консензус.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ