(Видео) Апасиев: Со уставните измени ќе ја славиме Санстефанска Бугарија кај нас во Македонија

998A9994

*Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за последиците од уставните измени:

,,Никој не говори за правните последици, не е ова како што ни викавте: Бугарите ќе ги внесеме и тоа е тоа. Не е така. Ние немаме граѓански концепт на држава, туку имаме етнички, трибалистички заостанат примитивен концепт на држава! Ние сме поделени на етнички групи и тие етнички групи имаат колективни права, за разлика во Бугарија кадешто немаат. Ние имаме lex specialis за малцински права на тие заедници, кои имаат право на образование, за децата во струмичко да учат на бугарски јазик.

Сега ќe се вадат нови бугарски пасоши – за 250 денари, како што Министерот за правда им овозможи. Ќе се овозможи радио и ТВ програма на бугарски јазик каде ќе се емитуваат документарци за како Гоце Делчев е Бугарин и како Илинденското востание е бугарско востание.

Понатаму, поради славењето на празниците, ние во оваа држава ќе ја славиме Санстефанска Бугарија, во која е инкорпориран дел од Македонија, со Охрид како столица. Се предвидува државно финансирање на културни клубови како „Ванчо Михајлов“, „Цар Борис Трети“ или „Цар Фердинанд“. За на крајот да имаме и квоти за вработување и да имаме Рамковен за Бугарите како што имаме за Албанците. Ова се правните последици од вметнувањето на преамбулата на Уставот.’’

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
30.07.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ