„Премиере, јас ја познавам вашата одмаздољубива нарав, знам дека сте поодмаздољубив и од Груевски, повелете одземете ми го имуниетот, гонете ме кривично за „Ќе висите заедно“, гонете ме кривично за Бојкот – нит ви се плашам, нит па мислам дека ќе ме одвратите од тоа, како комуницирам со вас. Меѓутоа, од одговорот на прашањето, јас сфатив дека, вие им порачавте на граѓаните дека, Владата нема намера да ги регулира цените на приватните олигарси, сопственици на болници, и тие и во иднина ќе плаќаат по 15 илјади евра за лечење!
Премиере, во ситуација кога над 60 илјади граѓани останаа без работа од кризата, во ситуација кога 450 илјади луѓе живеат со две евра на ден, во ситуација кога две недели ви требаат да земете брис за тест од Ковид, во ситуација кога нема дежурни аптеки во полициски час – вие да зборувате, дека условите се исти, во приватните и во јавните болници е СРАМОТА!”
#ЛевицаОдПарламент
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
25 март, 2021