(Видео) Левица – Центар: Боемска 2 во Дебар Маало – Пешачка зона, по иницијатива на Левица

Марија Среброва 1

По бројните поплаки на жителите на Центар особено на оние од боемската четврт – Дебар Маало дека недостасуваат пешачки зони, советниците на Левица во Општина Центар на 10тата седница на советот, ставија точка на дневен ред – ЗАТВОРАЊЕ НА БОЕМСКА 2 ЗА СОБРАЌАЈ И ПРЕНАМЕНУВАЊЕ НА ИСТАТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА.

Иницијативата има за цел боемската четврт во главниот град да биде налик оние од светските метрополи каде ќе има безбеден простор за движење на пешаците, каде нема да се движат возила, ниту пак нивното движење ќе биде попречено од угостителските маси и столици.

Покрај тоа, советниците на Левица дадоа и конструктивни предлог решенија за уредување на правилникот за угостителите донесен од претходниот совет според кој е предвидено да се урнат сите тераси за кои добиле претходна дозвола од Град Скопје и според кој истите во Општина Центар не би имале повеќе интерес да инвестираат и работат. Против истиот правилник е поднесена и иницијатива од страна на угостителите, која е доставена до сите советнички групи.

Советниците на Левица со предложената точка за затворање на ,,Боемска 2″ дадоа ,,Соломоново” решение барем за Дебар Маало, за задоволување на потребите на двете засегнати страни.
За спроведување на ова предлог решение формирана е специјална комисија, сочинета од кординаторите на советничките групи кои дирекно ќе учествуват во неговата реализација.

Точката беше усвоена со 16 гласа ЗА.

За оваа точка гласаа советниците на Левица, дел од советниците на СДС и дел од советноците на ДПМНЕ. На наше големо изненадување, советничката група ,,Шанса за Центар” не ја поддржа оваа иницијатива, иако сме сведоци за нивното гласно медиумско критикување како во Дебар Маало нема место за пешаците, за жал освен гол популизам, од нив до сега не видовме никаква иницијатива, подршка ниту понудено решение по однос на овој проблем. Се надеваме дека во иднина и тие ќе се одлучат да бидат дел од решенијата за проблемите на Центарци.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
22 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ