(Видео) ИНТЕРВЈУ НА АПАСИЕВ ЗА ТВ24: Со двоцифрен број на пратеници, Левица ја одзема моќта на уценување од ДУИ

apasiev 24

Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на #Левица во ,,Аргумент плус’’ на ТВ 24.

„Да не беше Левица со двајца пратеници внатре, до сега ќе поминеа и уставните измени. ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада.
Кога ќе отидете со вашиот крвен политички непријател во една влада, кој останува алтернатива, освен Левица?!

Тезата на Мицкоски е налудничава – „дајте ни 61, сѐ под тоа ќе биде историски пораз“. Обратна е тезата – на овие избори, кога и да бидат, пораз за МАКЕДОНСКИОТ народ ќе биде ако му даде 61 пратеник на Мицкоски, односно ДПМНЕ.

Не заборавјте, ДПМНЕ со 61 пратеник ги амнестираа хашките случаи; не успеа да спроведе попис… Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија.

Оттука, нашата теза е дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување од ДУИ конечно да премине во МАКЕДОНСКА партија којашто ќе ги држи националните интереси како приоритет. Таа партија во моментов е само ЛЕВИЦА.“

Косовски црни пари се вложуваат во Македонија и ги бркаат македонските бизниси. Дури и во европски извештаи е изнесено дека тоа се пари на европска мафија, косовска мафија, испрани пари во недвижнини. Тоа за да го прави ДУИ некој го овозможува, а тој некој во случајов е СДС.

СДС стана анационална партија, партија која не само што нема идеологија, туку нема ни национално македонско во себе, и тие прават несогледливи последици на ова парче земја. Тоа народот ако не го казни на наредни избори – тогаш ние немаме иднина како држава. Зашто сѐ што вреди во државата ќе биде купено од косовски црни пари.

Во европските извештаи е наведено дека косовската мафија парите полесно ги пере во Македонија отколку во Косово. Албин Курти во Косово има 200-300 луѓе поапсено за анти-корупција, тоа значи дека еден протекторат поуспешно се справува со корупцијата отколку Македонија.
Македонија станува како Отоманско царство кога пропаѓало – има делови каде што закон не фаќа (Слупчане, Арачиново…). Меѓутоа тоа некој го овозможува, а тоа во случајот е СДС. СДС станува елемент опасен по Републиката!’’

Целото интервју може да го проследите во продолжение:

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
12.07.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ