(Видео) Апасиев: За Новиот мултиполарен свет и зошто малите земји мораат да играат со сите големи сили

Dimitar Apasiev Janko Jadi Burek_Димитар Апасиев Јанко Јади Бурек

Новиот мултиполарен свет и зошто малите земји ако сакаат да опстојат мора да играат со сите големи сили како што тоа го правеле основачите на македонската држава на АСНОМ 1944 во Прохор Пчински

“Доаѓаме до една нова геополитичка слика, а тоа е подемот на Кина и Русија. Светот кој го знаевме заврши во февруари.. Донбас е местото каде што западнистичката глобализација беше сопрена со калашников.

Тргнав од Прохор Пчински. Кога направиле држава кои знамиња стојат?… Стои знаме на СССР, САД и Британија. Черчил, Рузвелт, Сталин. Тие ни дале држава да бидеме реални.. Тие држави тогаш биле светски сили. И види паметни. Не ставиле само америчко знаме како сега ние само ние на НАТО знамето во Собрание што ни го тупори Џафери. Кај е Кина, кај е Русија? Сега тие се светски сили.

Не можеш да играш без сите светски сили. Пробавме да играме, изгубивме. Така почна распадот на Македонија. Од Циле, од Тајван. Го признаа Тајван, се налути Кина. Ги тргна УНПРОФОР и влезе пола УЧК преку Косово. До тогаш немавме проблеми ние. Се отвори територија и си влегоа. Сините шлемови си отидоа. НЕ СИ ИГРАЈ СО ГОЛЕМИТЕ ЌЕ ТЕ ЗГАЗАТ.

Ние слугувајќи само на едните ги заборавивме другите две. И тоа е нашата позиција на Левица. Со сите треба да играш, како Тито. И со Руси, и со Американци и со Кинези. Со сите оти си мал народ. За да опстоиш треба да играш со сите. А не ти поголем католик од Папата ќе се правиш и ќе и ставаш санкции на Русија. 250 милиони евра ќе те чинат санкциите.”

– Излагање на претседателот на Левица – Димитар Апасиев, од гостувањето во емисијата „Јанко Јади Бурек“ на ТВ Сонце

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ