Борислав Крмов во „Само вистина“ на тема пролонгирањето на пописот и Законот за попис:
„Според европската регулатива за попис на Европскиот парламент и Европскиот совет – доколку ние од постоечкиот Закон за попис не исфрлиме попис на дијаспора, не исфрлиме попишување само со ЕМБГ, не исфрлиме трето лице да дава податоци за некој друг (дури и лични податоци како што е етничка припадност и сл.), ако не се дефинираат документи (лична карта, или пасош), и на крај, ако се попишуваат луѓе, коишто не се државјани – нема да имаме попис во септември, Левица ќе ја реактивира кампањата еден месец пред пописот.“