Вчера, во присуство на претседателот на Левица – Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и Генералниот секретар Јована Мојсоска, официјално беше отворена канцеларијата во Струга.

Од градот каде е формирана Првата македонска ударна бригада, од градот каде прв пат е испеана македонската химна, од градот кој пружи силен ОТПОР на територијалната поделба – беше порачано дека Левица е последниот бастион во одбрана на антифашистичките темели на Републиката.

Мојсоска повтори дека внесот на Бугарите во Уставот под било кои услови е конечно реализирање на идејата на Санстефанска Бугарија и дека Левица е единствена партија која се залага за прекин на преговорите со Бугарија. Од Струга порачавме дека македонскиот народ не само што бил на правилната страна на историјата – туку бил и на ПОБЕДНИЧКАТА страна на историјата!

Постојаниот раст на Партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица.

Ништо не е посилно од ИДЕЈА чие време допрва доаѓа!
13.09.2023