На 29-ти октомври 2023 година беше одржана XXII-та редовна сесија на Централниот комитет на Левица. Членовите на ЦК низ идеолошка и политичка расправа ги реафирмираа ставовите за националната и економска платформа во пресрет на изборната сезона во Република Македонија.
Пред престојните претседателски и парламентарни избори, на сесијата се изврши евалуација на работата на општинските советници и афирмација на пристапот кон локалната политика во услови на широка коалиција – со цел локалните проблеми да бидат артикулирани на вистински начин, додека буржујските партии сè повеќе ќе ги користат локалните власти за финансирање на своите каси.
Дополнително, со најавата за Пленумот на Левица за 2-ри декември 2023 година, партиските тела се впрегнати во последни припреми пред настанот. ЦК на Левица даде поддршка на пратениците на Левица за поднесување на Декларација за солидарност со палестинскиот народ во македонското Собрание.