Со засадени 1000 багремови садници, успешно заврши денешната акција на ЛО Левица – Штип.
Повеќе од 30 учесници – граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на локалниот огранок на Левица – Штип, беа дел од денешната акција за озеленување на едно од голите места во Три Чешми. А ги има многу!
Во близина на приградската населба Три Чешми се засадија 1000 садници од сортата Багрем (Robina pseudoacacia).
И додека едните парадираат по саеми/панаѓури, другите трошат народни пари за митинзи, а третите (надлежните!!!) молчат и не НИ дадоа поддршка (за тоа во следен пост!)
Левица – Штип заедно со другарите од соседните ограноци, ја оствари и оваа работна акција!

26.12.2022