Славчо Стојменски, младиот човек со големи идеали за слободна Македонија

славчо стојменски

Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ.

Во 1941 година се запишува на Медицинскиот факултет во Софија. По предлог на 4-та оперативна зона, Славчо Стојменски се враќа во Штип и засилено работи на организирање на Партизански Одреди.

Со плејада свои другари и сопартијци, членови на КПЈ, активно учествувал во разгорувањето на Народно – ослободителната борба во Штип и околината, формирајќи го Третиот плачковички одред.

Главно собирно место им било селото Долани. Бугарската полиција насетила дека тука има организирање на група партизани и настојувала по секоја цена да им влезе во трага.

На 21 ноември 1942 година бива уапсен од тогашната полиција, но сепак успева да им избега. Се организира општа потера и тероризирање на неговото потесно семејство, а откако не успеале да го пронајдат, од страна на воениот суд, во отсуство, осуден е на 15 години строг затвор.3

Попладнето на 16 август 1943 година, Славчо Стојменски заедно со Мара Минанова, Благој Јанков – Мучето, Љупчо Арсов и Вера Ацева се собираат во куќата на Олга Арсова на претходно закажан состанок, но полицијата ги открила и ја опколила куќата од сите страни.

При обидот да побегнат, Стојменски е тешко ранет и утрото на мала душа е заробен од полицијата. Иако тешко ранет, цврсто дава отпор и не издава никакви информации за партизаните дури и во болницата каде е згрижен на лекување.

Утрото на 17 август, на 22 годишна возраст згаснува животот на Стојменски. По неговата смрт, партизаните излегле со проглас во кој пишувало:

„Македонски народе, ние НЕ сме тука да распљачкаме и убиваме. Ние сме тука да се бориме против нашето пљачкосување од страна на бугарските фашистички гадови“.

Верувал дека ќе ја доживее слободата, а со тоа ја пренел и пораката на следните генерации, да знаат, да се борат и да ја сочуваат истата.

Слава на хероите!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ШТИП
17.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ