Вечен непребол – 22 години од масакрот кај Љуботенски Бачила

БАЧИЛА

На денешен ден, пред 22 години, во 08:00 часот наутро, кај месноста Љуботенски Бачила, воен камион на АРМ полн со муниција нагазил на две противтенковски мини при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ, сите од Скопје, четворица од нив од Ѓорче Петров, а осуммина војници биле повредени.

По тој повод, утрово, членови од Локалниот Огранок на Левица во Ѓорче Петров и Црвена Младина положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележјето на загинатите бранители во Волково.

Масакрот и кукавичкиот напад бил организиран од страна на Џавит Асани – лидер на помала терористичка група на ОНА, а истите имале и логистичка поддршка од локалното цивилно население во селото Љуботен коишто им го дале точното време и правец на движење на македонските безбедносни сили тој ден.

Мините биле поставени во текот на ноќта. По нагазувањето на мините, војниците на АРМ влегле во заседа, по што следела неколкучасовна престрелка со терористите на ОНА.

Животот го загубија: Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27), Гоце Чанкуловски (39).

Некои од нас беа дел од воениот конфликт, некои беа родени во виорот на војната, но сите заедно 22 години го имаме истиот горчлив вкус во устата – дека Вашите положени животи се наша обврска.

Во таа насока, како политичка партија, Левица, во рамките на своите засегашни можности, преку дела и конкретни чекори докажува дека бранителите не ги заборава и се залага тие никогаш да не се заборават.

Во својот прв мандат во Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе неколку иницијативи во интерес на бранителите и нивните семејства, а по кои очекуваме општинската власт да постапи и имплементира.

Вечна им слава на јунаците кои животот го дадоа за Македонија! На нивната храброст и патриотизам, терористите ја спротивставиле својата злоба, подлост и кукавичлук!

Вечен срам за предавниците!

Вечен непребол и незаборав!

Одговорност ќе има!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
10.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ