(Видео) Отовиќ-Стојановска: Левица со иницијатива до Уставен суд против 72 часовна работна недела

persida

Прес конференција на координаторката на Правен сектор на #Левица – адвокат Персида Отовиќ – Стојановска:

„Политичката партија Левица поднесе Иницијатива за оценка на уставноста на новодонесените измени на Законот за работни односи, со којшто се воведува 72 часовно работно време, со цел спроведување на контеоверзниот договор со „Бехтел и Енка“.

Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со Уставот и со меѓународното трудово право.

Со воведување на 72 часовно работно време неделно, ќе се вратиме во едно робовладетелско општество!

Левица, со цел да ги заштити работниците, ја доставува оваа иницијатива. Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде на висина на својата улога и задача во правниот систем и оваа иницијатива, во најкус можен рок ќе ја прифати и по истата ќе одлучи да ги поништи или укине овие одредби.

Да потенцираме дека Левица се обиде и во Собранието да превенира донесување на штетни измени во Законот за работни односи, со поднесени над 1.000 амандмани. Продолжуваме и понатаму да се бориме за заштита на работникот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

15.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ