АНБ ги остави вработени во МВР да работат без обновени безбедносни сертификати

АНБ

Агенцијата за национална безбедност, која беше опфатена со низа скандали на претходниот директор Виктор Димовски, неколку години наназад не ги извршува своите законски надлежности. Информациите кои пристигнаа до Левица се дека стотици вработени во Министерството за внатрешни работи чекаат по неколку години за обнова на безбедносен сертификат!

Согласно Законот за АНБ, Агенцијата врши безбедносни проверки на лица заради утврдување на безбедносни пречки при издавање на безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации.

Оваа безбедносна проверка во Законот за класифицирани информации трае најдолго до 6 месеци. Безбедносниот сертификат е задолжителен за голем број на вработени кои работат секојдневно со класифицирани информации – вработени во МВР, но и во многу други институции и професии.

Со тоа што на овие лица во МВР не им се обновени безбедносните сертификати, тие располагаат и работат со класифицирани информации спротивно на закон. Истовремено, во судовите голем број судски предмети со години се закочени, заради тоа што судии чекаат со години да им биде продолжен истечениот безбедносен сертификат, токму поради непостапувањето на АНБ.

За беззаконието кое владее во безбедносните служби, говори фактот што повеќе од 15 месеци АНБ нема назначено директор за внатрешна контрола.

Дали и новопоставениот директор Зарко Милошевски ќе ја продолжи праксата на незаконско работење, со што директно се поткопува безбедноста на државата?

Левица јавно прашува зошто, освен за случајот со Онишченко, собраниската Комисија за надзор на АНБ ги затајува овие скандали, каде претседател е коалициониот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ