Диво изградените плажи во Охрид – нелојална конкуренција на угостителските објекти

ОХ

Градежниот инспекторат по извршен инспекциски надзор, во 2017 година донел решение каде се наведува дека плажа-барот ,,Куба Либре” треба да ја отстрани градбата во рок од 30 дена од приемот. Во Решението потпишано од градежниот инспектор Слободан Дамјановски се наведува дека доколку градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно, административно извршување за отстранување на градбата. Жалбата против решението не го одлага изрвшувањето на отстранувањето на градбата. Од тогаш се поминати шест години, но оваа одлука останува само вo папките на прашливиот архив.

За издавањето на охридските плажи, многу ревносно се залагаше Кирил Пецаков, Градоначалникот на Охрид, како и Леона Кичеец, советничката на независните ,,Охрид пред се’”, коалициските партнери на ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид.

До охридскиот локалeн огранок на Политичката партија Левица уште на почетокот од туристичката сезона пристигнаа реакции на поголема група сопственици на угостителски објекти во Охрид. Тие велат се чувствуваат дискриминирани од страна на локалната власт и Градоначалникот Кирил Пецаков.

Имено, по отворањето на плажите, дивоградби, ,,Куба Либре” и ,,Кадмо”, коишто работат како ноќни клубови, угостителите укажуваат дека обемот на нивната работа, како и прометот, се намалил за речиси 50 отсто поради нелојалната конкуренција, а тие плаќаат кирија, плати и придонеси за вработените, како и даноци со коишто го полнат буџетот на Општина Охрид.

Левица – Охрид бара од Локалната власт на Охрид и од Градоначалникот Кирил Пецаков да се преиспита одлуката за уредување на плажите, што е спротивна на препораките на УНЕСКО. A надлежната инспекција да излезе повторно на терен и транспарентно и непречено да ја извршува работата за која што зема секој месец плата.

Не е дозволено поради личните интереси на неколку привилегирани луѓе да се уништуваат оние што чеснo работaт во Охрид!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ОХРИД
07.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ