(Видео) Богевски: Хаосот во Кавадарци не го решивте, ви останува како задача!

седница

🔻Реакција на Советникот Круме Богевски за сообраќајниот хаос во Општина Кавадарци кој не е решен и по воведувањето на платен паркинг:

„Упорно од кога сум член на Советот на Општина Кавадарци јас повторувам дека платен паркинг не е секогаш и решен паркинг!
Добив повеќе реакции од граѓани кои живеат на ул. Ленинова дека поради времените паркирања не е пристапна улицата за станарите од истата, како и за интервентните возила.

Втор пример ми е и конкретно паркинг место пред ул. Мито Хаџивасилев Јасмин каде по реконструкцијата едно од паркинг местата пред влез беше изоставено од поништување. Јас како Советник прво реагирав до ЈП Паркинг затоа што жената која живееше во конкретната куќа одеше на хемодијализа секој трет ден!

Ми беше кажано дека има технички пречки, па дека ќе се среди наредната седмица, но пациентката почина, времето се смени, а паркинг местото се уште не е средено!

Очекувам во најбрз можен период да се среди сообраќајниот хаос на ул. Ленинова за да не претставува слична пречка за станарите. “

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ