Собраниската комисија за здравство конечно свика седница на која утре (21.06) ќе се разгледа Предлог-законот поднесен од двајцата пратеници од #Левица, Апасиев и Крмов, за платено породилно отсуство на жените-земјоделки.
Левица ги повикува СИТЕ членови на собраниската Комисија за здравство, да го усвојат нашиот предлог-закон, без разлика која политичка партија ја претставуваат, да не заборават дека пред и над сѐ, во законодавниот дом го претставуваат народот кој ги избрал и дека на овие жени им е потребна нашата заедничка помош.
Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и ќе се овозможи еднаквост за ова уставно загарантирано право на секоја жена со кое Рапубликата гарантира заштита на мајчинството.
АФЖ-Антифашистички Фронт на Жените на Левица
21.06.2023