Левица – Кавадарци: Крвопис е Ваташа!

Левица Кавдарци Ваташа

Денес членовите на Левица ЛО Кавадарци положија свежо цвеќе на паметникот на 12 младинци кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Дека ќе бидат фотографирани се последните мисли на дванаесетте деца кои биле одвлечени од Ваташа на блиската ливада пред да бидат засипани со дожд од куршуми. Небаре тоа не било доволно па капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков за да се осигураат дека невините деца ги изгубиле животите завршиле со убоди од бајонети!
И денес низ улиците на Кавадарци може да се слушнат сведоштвата од девојките кои биле поштедени тој ден или од граѓани кои загубиле невини членови на своето семејство.

,,Испукаа, со картешници, сос…, шо имаа оружје се, не знам како да ви кажам. И децата, останаа покосени сите, дури не ми е лесно ни да кажувам, нерви се. У тија момент избега. Васе избега, таму имаше капини, Диме, имаше јаз, тамо преко јаз, Герасим само трчеше и викаше „Ооо мајкоо!!!“ – и од тука му цуре крвта, како водоскок.”

Важноста во изучувањето на историјата се забелeжува токму во сеќавањата на случувањата како Масакрот во Ваташа 1943. Овие случувања, загинатите, невините, не смее да се заборават!

КРВОПИС Е И ВАТАША!

Вечни да се: Перо Видев (15), Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18).

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАВАДАРЦИ
16 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ