Левица – Прилеп со силна поддршка за најавениот протест на земјоделците

Петар Диклиќ Земјоделие Прилеп Пелагонија

Во време кога се гази по достоинството на секој земјоделец, кога некој друг заработува на трудот и грбот од производителот, кога оваа стопанска гранка е доведена сама да се снаоѓа без никаква помош од државата, Левица – Прилеп го поддржува револтот на земјоделците.

Голем дел од нашите сограѓани, меѓукои и членови, кои егзистираат преку оваа гранка, се директно засегнати од овој проблем. Затоа, Локалниот огранок на Левица – Прилеп безрезервно ќе ги поддржи земјоделците!

Пробиени се сите законски рокови и обврски за исплата на субвенции и Ковид пакети од државата кон нив, доведени се во крајно незавидна финансиска ситуација и поради тоа се приморани да организираат протест на 12.07.2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.

Да излеземе сите заедно сплотени, без партиски ознаки и да дадеме поддршка на тие што не’ хранат, а воедно на власта да и пренесеме остра порака дека знаеме што се случува но, нема да оставиме ова да трае уште долго!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
07 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ