Левица од Кина: Нашето официјално име е Република Македонија!

e65446ab-302f-496f-b648-23151d774a04

Деновиве во Пекинг се одржува Младинскиот форум за развој „МОСТ на иднината”, каде присуствува нашиот претседател на Црвена Младина – Марио ЈАНЕСКИ.

На почетокот на својот говор, Јанески потенцира дека ќе го користи единственото државно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ги замоли присутните да го користат тоа име.

За време на настанот, организаторите од Н.Р. Кина го користеа името Република Македонија, во духот на нивната политика на соработка помеѓу народите, без мешање во внатрешните работи на државите.

Сведоци сме на забрзана промена на геополитичката сцена и единствената визија за соработка меѓу нациите неминовно ќе биде градена врз принципите на меѓусебно почитување- наместо врз уцени, закани и санкции!

#СамоМакедонија

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.04.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ