Додека деновиве сведочиме од какво значење за безбедноста е подготвеноста на противпожарните капацитети, противпожарната служба во Охрид е во разочарувачка состојба. Загрижувачки се состојбите во противпожарната служба во Охрид. Пожарникарите се оставени без нова и модерна опрема која ги задоволува европските стандарди. Вработените спасуваат животи без нови возила, без нови апарати, без заштитна опрема и без нова интервентна униформа.
Тоа што моментално го имаат, во најголем број е добиено преку донации од софистицирани држави. Обувки немаат добиено веќе 5 години, а пожарникарските обувки треба во континуитет да се обновуваат на секои 2 години. Специјалните пожарникарски ракавици кои ги имаат моментално се веќе оштетени (или мајсторски), а кој сака да ги обнови треба да ги плати од сопствениот џеб (професионални ракавици чинат неколку илјади денари).
Негрижата, арогантноста и желбата за лично богатење на политичките елити е очигледен во фактот што ниту една претходна локална власт не обезбедија чамци за гасење на пожар од вода, а се одвојуваат народни пари за набавување на луксузни автомобили од највисока класа. Пожарната моментално располага со вкупно 6 камиони за интервенција, од кои само 2 се во добра состојба, а 1 камион е потполно неисправен. Просечната старост на возилата е 32 години.
Додека членството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на апсурдни пресови со содржина дека се грижат за младите да останат во Македонија, а во пожарната служба сите нови вработени во последниве години имаат возраст над 45 години.
Тоа што е страшно и непосакувано, треба да се случат несреќи како пожари, пандемии и слично за да го увидиме и актуелизираме јавно проблемот. Не смее ниту една власт за дозволи тогаш да биде доцна и да испливаат на површина сите недостатоци, а професионалците да тапкаат во место.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
04 август, 2021