Тоа што можеш да го уништиш во првиот мандат, не го оставај за вториот, зошто може и да го немаш – ова е максимата по која се водат градоначалниците во Македонија со децении, а по истата се води и Стефан Богоев.
Откако преќутно дозволи багери да го роварат зеленилото во горните делови на Козле, багери активно работат и во Горно Нерези, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“.
Градежниот бум кој започна со самата пролет е проследен со узурпација на зеленило, сечење на ниско и високостеблеста шума, а самиот градежен шут неретко се депонира во околните долови.
Дивоградбите секојдневно никнуваат, а сето тоа се аминува од страна на Богоев и Општина Карпош. Со ова Богоев, уште еднаш ја демонстрира незаинтересираноста за жителите и нивните потреби, а ја потврдува неговата посветеност кон бетонизација на општината, по секоја цена!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
20 април, 2021