Полицијата врши притисок врз раководството на Левица-Охрид!

310880238_471226785043577_1617515969283612110_n

Во врска со утрешниот протест против отворањето на граѓанското здружение, кое го носи името на фашистот и соработникот на Хитлер, ,,Цар Борис III”, охридската полиција, преку телефонски јавувања и други слични методи на притисок, пречекорувајќи ги своите овластувања го малтретира и вознемирува раководството на ЛО на ЛЕВИЦА Охрид.

Ги повикуваме одговорните на СВР Охрид, да престанат со нивните обиди саботирање на утрешниот протест. Воедно, им порачуваме дека нема да подлегнеме под ваквите подли методи за заплашување, и утре, заедно со сите жители на Охрид, ќе излеземе на протест да кажеме НЕ за глорификацијата на личности соработници на окупаторските наци-фашистички сили и НЕ на обидот за ревизија на историјата ширејќи ги нео-фашистичките идеи и дејци на Бугарија.

– НЕ за бугарскиот Хитлер!
– НЕ за рехабилитација и глорификација на фашизмот!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!!!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ