Протестот за 27 април да не се злоупотребува за политички поени, туку да се бара целосно спроведување на правдата

Левица-лого

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Упадот во Собранието на толпата народ, кои на 27 aприл 2017 година протестираа против коцкањето со националните и државни интерси, беше испровоциран токму од власта, која тогаш, со газење на Уставот и законите и нелегалниот избор на собранискиот спикер, ги најави политиките, чие етапно спроведување подоцна драстично го загрози суверенитетот и унитарниот карактер на Републиката.

Од денешен аспект, после толку прекршувања на Уставот, безбројните погазувања на утврдените процедури на Собранието и целокупната партизираност на државните институции, како дело токму на гарнитурата која ја узурпира целокупната власт во државата, сосема јасна е нејзината улога на ГЛАВЕН ДИРИГЕНТ во политичкиот прогон, кој се случи врз осудените, како учесници во тој немил настан. Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица го поддржува протестот, организиран од македонската дијаспора, како револт за неправедно осудените од тој случај. Оттука, оставаме нашите членови и симпатизери, на овој сенароден протест да се вклучат по своја волја, притоа апелираме, тој да не се искористува за партиски цели и прибирање на политички поени, туку со чиста совест, без партиски симболи, да се бара целосно и доследно спроведување на правдата. 

Потенцираме дека, уставобранителите, како осудени за учество на настаните од 27-ми Април, се гонети како извршители, додека вистинските виновници, нарачателите, не само што се на слобода, туку некои од нив се дури и наградени со милионски тендери и разно-разни бенефиции. Оттука, тие (осудените) се само жртви на погрешните и непромислени политики на претходната власт, предводена од дуото Груевски-Мијалков. 

За крај, укажуваме на тоа дека властодржците во Македонија имаат совршено развиени методи за контаминирање на протестите и нивно искористување, при што тие стануваат цел сама за себе. Затоа, револтот на народот не треба да биде истрошен по улиците, туку тој треба да биде политички канализиран кон артикулација на една заедничка опозициска платформа со единствена цел – пад и одговорност на оваа ненародна власт!   

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
22 април, 2021

      

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ