Изминативе денови бевме сведоци на уништување и сечење на дрворедот пред поштата на ул „Рузвелтова” во Битола.
Во занесот од предизборната кампања, градоначалничката Наташа Петровска без нималку чувство, во името на „просторното разубавување” го уништува зеленилото и тоа токму во градското централно подрачје каде што има најголема фрекфенција на возила и најголемо аерозагадување.
Знаејќи дека Битола е од најзагадените градови во Македонија, и знаејќи дека градоначалничката Наташа Петровска ветуваше справување со аерозагадувањето, ваквиот чин е токму спротивен и делува потценувачки кон сите граѓани на Битола.
Имено, не смееме да дозволиме секоја слободна зелена површина да биде запоседната и узурпирана од процесот на урбаното разубавуање и да биде предмет на градежно силување.
Бескомпромисната битка за профит и власт во пресрерт на локалните избори носи непоправлива штета на тешко обновливи зелени површини.
Битола заслужува подобро.
Битолчани заслужуваат повеќе.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
06 мај, 2021