Уште 32.520 евра за печатење на ”Карпош Ин”

левица карпош стефан богоев карпош ин

Во време кога Општина Карпош е третата најзадолжена општина, Стефан Богоев на 9 март годинава склучил договор со ПЕЧАТНИЦА ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани за печатење на магазинот “Карпош ИН”.

Вредноста на договорот изнесува 32.520 евра или 2 МИЛИОНИ денари. Со тоа вкупната вредност на сите договори склучени од страна на Богоев за печатење на овој магазин изнесува 11.200.000 денари.

Ова класично расфрлање на пари за печатење на магазин кој служи како пропагандно гласило на СДСМ, го покажува недомаќинското однесување на Богоев со парите на ѓителите на Општина Карпош.

Недозволиви и крајно скандалозни се и договорите за јавни анкети, прес-клипинг и закуп на простор за огласување во печатените медиуми. Токму склучувањето на договри за сомнителни услуги се главната карактеристика во досегашното владеење на Богоев и СДСМ со Општина Карпош. Тоа е приоритет наместо санирањето на улици, изградбата на нови паркови, водовод, канализација… Благодарение на ова, Општина Карпош прерасна во вистинска бетонска џунгла чиј квалитет на живот значително е намален.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА – ЛО КАРПОШ
06 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ