(Видео) Советничко прашање на советникот во општина Аеродром Дарко Масларковски во врска со проблемот за паркирање во општина Аеродром

левица аеродром

На последната седница на Советот на Општина Аеродром имаше советнички прашања, каде советниците на Левица поставија прашања во врска со зонското паркирање и плановите на градоначалникот во врска со проблемот со паркирање.

Советничката група на Левица е против комерцијализација на паркинг просторот и сметаме дека најдобро решение за недостигот на паркинг места поради нехуманото и непланско градење во Аеродром изминатите години е изградба на нови монтажни паркинзи каде е тоа најпотребно. Со зголемување на паркинг просторот преку изградба на нови паркинзи зонското паркирање не би било потребно.

Советничката група на Левица исто така бара додека се изградат дополнителни паркинг места паркингот да биде слободен и бесплатен за сите жители на општината, а не само за жителите кои имаат резиденцијално зонско паркирање со што се врши дискриминација на жителите кои немаат зонско.

Во иднина кога би се изградиле доволно паркинг места паркингот треба да биде бесплатен за сите жители и посетители на Општина Аеродром, тоест да се укине зонското паркирање во целост.
Советничката група на Левица одблизу ќе го следи решавањето на проблемот со паркингот во општината и ќе ги известува граѓаните за динамиката на негова реализација како жителите би добиле реални решенија на проблемот, наместо дневен пиар.

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
31 јануари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ