Трета левичарска планинарска тура – Горно Врановци

СЕКТОР СПОРТ

Екипата на Левица, овој викенд, покрај поројниот дожд и лошите временски услови, не се поколеба да ја испешачи планираната планинарска тура од Горно Врановци, по стапките на партизаните, воедно посетувајќи ги едни од најзначајните спомен-куќи за македонската АСНОМ-ска историја.

Тука е испечатен првиот официјален документ на македонски јазик – првиот број на „Нова Македонија“, на првата слободна територија во Македонија, каде што дејствувал Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија, чии спомен-куќи ги посети тимот на Левица. А беше посетен и Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ и Меморијалниот музеј на ЦК на КП на Македонија.

Партизаните, во 1944-та на раце ја носеле, еден тон тешка „бостонка“, за да ја пренесат до првата партизанска печатница „Гоце Делчев“ во Горно Врановци.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР СПОРТ

08.11.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ