Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Издадено решение за прекин на дивоградба по иницијатива на Левица – ЛО Гази Баба

По иницијатива на неколку граѓани и брзата реакција на нашите членови, извршен е инспекциски надзор и со тоа и спречена уште една дивоградба, прекриена со реновирање на веќе постоечки објект.

Од поголема група граѓани добивме информации дека во К.О. 918 (Сингилич-1) К.П. бр. 4696 – ОПШТИНА ГАЗИ БАБА (сопственост на Република Македонија), од страна на инвеститоротсе изведуваат градежни активности – изградба на деловна градба кои се спротивни на Законот за градење и издаденото Решение за реконструкција УП1 бр.28-490/2020 издадено од Секторот за урабаниза и градежно земијште – Одделение за спроведување на урбанистички планови при Општина Гази Баба.

Врз основа на констатираната фактичка состојба, општинскиот градежен инспектор донесе решение за прекин на започнатата изградба. Узурпацијата на јавниот простор и експанзијата на дивоградби е практика која континуирано ја толерираат корумпираните елити, за што сведочи заедничкото гласање на власта и опозицијата по Законот за легализација на дивоградби.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГАЗИ БАБА
31 мај, 2021

Најнови објави