Левица – Центар: Повторно се уништува зеленило во Општина Центар од локалната власт

Зеленило општина центар

Иако безброј пати повтори – „Ниедно дрво нема на ул. „Орце Николов“ да биде исечено“, денес градоначалникот Саша Богдановиќ направи масакар. Всушност, онаму каде што застана претходната власт во однос на уништувањето на зелените површини, продолжи локалната власт на СДСМ. Центарци ги загубија и зелените дрва на оваа улица. Зарем жителите на општина Центар немаат право на квалитетен живот и на чист воздух?! Зарем е злодело да се живее во Општина Центар, па жителите мора постојано да бидат колатерална штета на алчните политики на градоначалниците?!

Во 2019 Богдановиќ го изјави следново:
„Според проектот, се предвидува наместо на тротоарите колите да се паркираат паралелно од двете страни на улицата, на потегот од крстосницата со булеварот Климент Охридски до улицата Рузвелтова. На крстосницата со улицата Аминта Трети (Ленинова) ќе се изведе кружен тек. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри …“

Доека денес сосема спротивно на ветенето за сечењето на разеленетите дрва само ноншалантно на фејсбук одговори дека дрвата биле болни и морало да се отстранат, изговор кој редовно го користат градоначалниците на СДСМ, со што ја навредуваат интелигенцијата на жителите на Центар.

Општина Центар не е и мора да престане да биде плодна почва за криминалите на секоја власт и апетитите на урбаната мафија, мора да се престане со непрекинатото бетонизирање, тероризирање на жителите и уништување на животната средина. Центарци заслужуваат уреден јавен простор, паркови, простор за слободно движење – а не бетонски чудовишта, узурпирани тротоари од возила и украден јавен простор за движење од угостителските објекти.

Цел мандат, освен изговори за сопствената неспособност и немање волја за борба против урбаната мафија, никаков реален исчекор не е направен во општина Центар. Не мора ни сега пред крајот на мандатот ништо да правите, само оставете го народот на мира и не ни го уништувајте и она малку зеленило што преостана!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
10 ЈУНИ, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ