Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Зголемени трошоците на земјоделците за над 11 проценти

Државниот завод за статистика на Р. Македонија објави дека Индексот на цените во земјоделието кај инпутот за мај 2021 година е зголемен за 11,4% во однос на истиот период лани, мај 2020 година, а додека кај аутпутот е намален за 0,4% за истиот период.

Ова значи дека трошоците, односно инвестициите на земјоделците за производство на одреден производ им се зголемени за 11,4%, а тие трошоци се зголемени цени за семиња, ѓубрива, гориво и други параметри, додека цената на чинење на земјоделскиот производот на пазарот е намалена за 0,4%. Намалените цени се однесуваат скоро на сите земјоделски производи.

Оваа состојба е показател дека владата на СДСМ – ДУИ, немаат стратегија за развој и оддржување на земјоделскиот сектор, немаат долгорочна аграрна политика, и со нивните погрешни чекори го загрозуваат опстанокот на земјоделците и производството на храна.
Зголемените трошоци во земјоделието доведуваат до постепено осиромашување и на така сиромашниот и измачениот земјоделец, кое во иднина ќе доведе до намалување на производството на домашна храна, а за сметка на тоа зголемување на увезената и сомнителна храна.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР
18 јуни, 2021

Најнови објави