Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Манипулирањето со висината на просечната плата – предизборна пропаганда на власта и ДПМНЕ

    Во последно време доста експлоатирана тема е просечната плата на ниво на држава и се лицитираат бројки како од власта, така и од ВМРО-ДПМНЕ. Едните итаат кон 500 евра, како предизборно ветување, а другите пак ветуваат 750 евра ако добиеле власт.

    Доколку се знае дека во актуелната методологија за пресметка на просечна плата, која за нас е небулозна, влегуваат сите плати поделени во државата, од менаџери на приватни компании, до административци, тогаш се добива ваков висок просек, што за примања на еден работник е мислена именка.

    Треба да се знае дека во Македонија, поради ослободувањето од придонеси на плата над 300.000 денари, менаџерите си делат енормно високи плати на кои плаќаат само 10% персонален данок на средствата кои се над максималната основица за придонеси. Еден таков пример е платата на менаџер во приватно здравство која ја објави УЈП и таа е во висина од 255 илјади евра месечно.

    Манипулацијата која им се прави на граѓаните е што и оваа плата, како и стотици такви, влегува во просекот. Исто така, секое покачување на платата на партиската војска во администрацијата го зголемува просекот. Во контекст „исполнување” на ветувањето влегуваат и десетици илјади луѓе кои останаа без работа за време кризата.

    За да се спречи ваквата манипулација, а се со цел за политички маркетинг, треба под итно да се смени методологијата на пресметка, односно да се сепарираат просеците по индустриски гранки во кои нема да влегуваат менаџерски плати и дополнително да се пресметува средна плата на национално ниво. Тогаш би имале реална слика на платите во Македонија и ќе знаеме која гранка бележи напредок, а која стагнација.

    Исто така, треба да се тргне горниот плафон за плаќање придонеси по основ на плата со што ќе се спречи „перењето на пари” на газдите и менаџерите, а во исто време ќе се зголемат приходите во ПИОМ и ќе се зголеми основицата за данок на профит.

    Нас не не’ чуди што владата на СДСМ го прифати овој начин на пресметка, наследен од владата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и двете партии се партии под силна контрола на олигарсите и нивнот капитал.

    Левица од позиција на власт, ќе воспостави ред во оваа област, како и ќе ја примени методологијата за просечна плата по индустриски гранки, администрација и плати на менаџери. Собирање на “баби и жаби” само за политички маркетинг, а на штета на правилната статистика, ќе биде минато во Република Македонија.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    06 август, 2021

    Најнови објави