(Видео) Михаил Тодоров – IV-та седница на Совет на Општина Богданци

Михаил Тодоров Богданци
На ден 03.12. 2021 година, одржана е IV-та седница на Совет на Општина Богданци.
Како дел од програмата на Левица, должни сме да работиме јавно и транспарентно, токму затоа и секоја одлука која ќе ја донесе советникот Тодоров, а има битен карактер за општината, ќе биде јавно изнесена пред граѓаните и образложена.
Краток приказ на дел од денешната работа на Советот.
1. Предлог – одлука за утврдување на потребата од ажурирање на процената за загрозеност на подрачјето на општина Богданци од сите ризици и опасности.
Од страна на советникот Тодоров, беше забележано дека, процената на загрозеност од сите ризици НЕ Е АЖУРИРАНА со нови податоци од далечната 2012 година. Ова всушност зборува за тоа како работи ЦУК (Центарот за Управување со Кризи) и зошто секоја година за време на кризи како пожар или др. видови на непогоди, ние сме изненадени, немаме капацитети и сме во паника како регион, но и како држава.
2. Предлог – Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Богданци за трет квартал.
Во прилог дел од дискусијата на седница на Совет
Реализацијата на КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ изнесува 18,4 % или од планираните 93 милиони денари, реализирани се само 21 милион денари. Празнината на нереализираните средства од 72 милиони денари ќе се провлекува низ буџетите кои претстојат. За овој предлог советникот Тодоров беше воздржан.
3. Предлог – одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на Општина Богданци за 2021(основен буџет) .
Во однос на оваа одлука исто така беше дадена забелешка, од страна на советникот Тодоров, поради тоа што последниот ребаланс на Буџет е направен на 21.07.2021 година и средства за Јавна изградба на осветлување – се предвидени во износ од 1 милион денари. Но наредниот месец се бара дополнителна пренамена на средства за истата ставка и овде логично се поставува прашањето: „Зошто беше донесен ребаланс на Буџет кога после само еден месец се бара измена на истиот?”
Советникот Тодоров гласаше воздржан, но јавно забележи дека така не се планираат средства во буџет.
4. Предлог-одлука за одобрување на Програма за изведување на отворено повеќенаменско игралиште и фудбалско игралиште во с. Ѓавато
Инвеститор во најава на овој проект е Агенцијата за Млади и Спорт. Програмата е во интерес на младите и истата советникот ја подржа со гласање ЗА.
Останува централната власт, преку Агенцијата за Млади и Спорт да ја започне програмата, со одговор дека во 2022 година се очекува реализација на истата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
03 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ