„Нас ни треба македонска платформа, без оглед кој е на власт, да се дефинира дека нема менување на државните инсигнии (знаме, химна).
И пописот е шајката на ковчегот! Затоа ние одбивме да играме. Тие 130.000 што бојктотираа се најпрогресивниот дел од народот. Да било Втора светска војна, тие луѓе ќе излезеа во партизани! Тие не потпаднаа под притисоци и го поништија пописот. Ние немаме попис, во правото тоа го викаме error facti, или погрешно утврдена фактичка состојба.”
– Дел од излагањето на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, од гостувањето во емисијата „Јанко Јади Бурек“ на ТВ Сонце
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
6 март, 2022