Прифатена иницијативата за двосменско работење на градинките – Бараме Тренчевска да не блокира

307209876_457623373070585_7097042921440289100_n

На состанокот кој советничката на Левица, Виолета Аврамоска го одржа со претседателот на Советот, Сашо Донев и директорката на детската градинка ,„Јасна Ристеска”, беше одлучено да се преземат почетни активности за спроведување на двосменско работење во градинките.

На состанокот беа донесени следниве два заклучоци:

Директорката да побара одобрение од Министерството за труд и социјална политка за спроведување на анкета на територија на општина Охрид за потребата од двосменско работење на детските градинки на територија на Општина Охрид

Да се изработи студија за потребниот персонал и финансиска анализа.

Откако ќе бидат завршени овие процедури, иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.

Jа информираме јавноста дека ова е подолг процес кој ќе трае повеќе месеци, а Левица будно ќе ја следи координацијата помеѓу централната и локалната власт. Ова не е иницијатива за целодневен престој на децата во градинка, туку двосменско работење, во зависност од работната смена на родителите.

Очекуваме министерката Јована Тренчевска сериозно да пристапи кон реализацијата на оваа иницијатива, имајќи ги во предвид потребите и барањата на сите жители на Охрид.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ОХРИД
19.09.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ