Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Неспособна Влада – Вработените во градинките без плата

Владата да поднесе оставка како причинител на низа социјални инциденти за работниците во државата и поради неспособноста да ги санира последиците. Платите за септември да бидат исплатени веднаш!

Секој сектор почнува да се соочува со неисплатени плати на работниците во екот на најголемата рецесија. Неспособноста на Владата сега ги остави без надоместок вработените во градинките.

Немарноста кон работниците и деструктивните политики на Владата го водат општествово кон социјална катастрофа. Откако луѓето се доведени на раб на достоинството и егзистенцијата, доцнењето на платите создава нови непремостливи финансиски последици по граѓаните.Левица ги поддржува вработените во градинките во остварувањето на основните работнички права!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
26.10.2022

Најнови објави