Од бизниси преку братот на Заев до бизниси преку кумот на Ковачевски

0
101

(Говор на пратеникот од Левица, Борислав Крмов, за новиот предлог – буџет на Владата.)

„Речиси 50 проценти од приходите во буџетот се предвидени да се соберат од ДДВ, што е една од главните одлики на сиромашни држави.

Во најголем дел од европските држави имаме прогресивен данок и, во време на криза, масовно се даночат големите фирми. Во Хрватска дури постои данок на супер – профити!

Ние имаме најниски даноци на Западен Балкан и затоа имаме економија која е комплетно зависна од кредити. Ова го поткупува нашиот економски суверенитет – а со тоа и политичкиот СУВЕРЕНИТЕТ.

Оваа влада очигледно нема храброст да ги даночи најголемите компании.

Таа е Робин Худ за БОГАТИТЕ – зема од сиромашните, малите и средните претпријатија и после, преку субвенции, тоа го враќа на мултинационалните корпорации, чиј профит постојано расте.

Сите премиери на Македонија ја третираат оваа држава како приватна фирма.

Ние почнавме со еден премиер кој матните бизниси на државна сметка ги водеше преку братучедот, продолживме со премиер кој матните бизниси ги водеше преку БРАТОТ и сега имаме премиер кој матните бизниси на државна сметка ги води преку КУМОТ.

Тоа е напредокот на политичката класа!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

24.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде