(Видео) Апасиев до министерката за труд Јагода Шахпаска за стечајците од велешки „Лозар”

Зошто Министерството за труд и социјална политика не постапува по пресудите на Управниот суд донесени во корист на обесправените стечајни работници од поранешниот агрокомбинат АДАК „Лозар“ – Велес во стечај (во државна сопственост), кои бараат повторување на постапката, па наместо случајот да го реши мериторно со своја одлука/решение, постојано и со години, почнувајќи од 2014 год., упорно го препраќа на повторно и повторно првостепено одлучување во Агенцијата за вработување на РМ – Центар за вработување Велес, свесно кршејќи ги одредбите чл. 109, ст. 10-11 од Законот за општата управна постапка?


Бидејќи не е тука министерката, веројатно заменикот е присутен. Станува збор за еден проблем на поранешното огромно претпријатие, дури и на ниво на Југославија – Агро комбинатот „Лозар“, кое беше едно велелетно огромно претпријатие, кое што сите лозја и ниви да ги поминете ви требаше хеликоптер. Тоа претпријатие подоцна е раскрчмено на 19 претпријатија, од коишто дел од нив отидоа во стечај.

Уште во време на Груевски, со првиот Закон за стечајци – популарно наречен, или Закон за материјално обезбедување на стечајните работници, станува збор за околу 400 лица. Во 2008 година со првостепени решенија, Агенцијата за вработување – Велец на овие лица им одбива да им даде паричен надоместок од околу 100 евра месечно, со што не им го признава правото.

Како тогашен активист на Ленка, тие стечајни работници побараа правна помош од нас, ние му укажавме, и со неколку преписки, ургенции и натегања до Влада, до Централен регистар, ние откривме дека тоа претпријатие е всушност во доминантна државна сопственост и сите тие докази ги доставивме до Влада. За да Владата, во втората арогација, односно измената на законот им го призна ова право, односно си ја призна сопствената грешка. Еве го списокот кој го добивме од Влада, каде што се гледа дека од тие триста и нешто претпријатија, дел од нив се и овие лица.

Додека траеја тие преписки, поминаа пет и пол години. Дел од овие луѓе, десетина се на број, поради нови докази бараат да се обнови постапката и за овие пет и пол години кога тие имале право да земаат месечно по сто евра (а не земале) државата треба да ги обесштети.

Бидејќи имаме најсложена управна постапка во светот, таа е осумстепена, бидејќи поминувате првостепено, второстепено, одите на Управен суд, па на Виш управен суд, па пак ви ја враќа и повторно истите четири чекори, џабе ние ги менуваме законите кога со новиот ЗОУП (Закон за општа управна постапка), се воведе според мене една одредба, и тоа ја прашувам министерката, зошто не ја почитува?

Тоа е одредбата од членот 109, став 10 кој вели дека: „Второстепениот орган истиот предмет може да го врати на првостепениот само еднаш, без оглед на причините или пропустите на првостепената постапка.“, а не како во случајов пет пати да им го враќа. „Кога второстепениот постапува по изјавена жалба против управен акт кој еднаш бил поништен и вратен, постапувајќи по жалбата е должен самиот да го реши предметот.

Прашањето ми е, зошто не се решаваат, туку со години, веќе деценија се игра пинг-понг до Виш управен суд и повторно назад? Не сум задоволен од одговорот, имам дополнително прашање и барам писмен одговор, а тоа е „Во колку случаи е искористено мериторното право, односно должноста во случајов да се решат мериторно овие случаи?”

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ