Членови и активисти на Левица – Тетово, денес положија свежо цвеќе на Карпалак, во спомен и чест на прерано згаснатите животи на десетте резервисти на АРМ. Млади витешки души, кои безрезервно ја дадоа последната воздишка за Македонија.
Загинаа од кукавичката рака на уценувачите, спроведувачи на Рамковниот договор, само пет дена пред негово потпишување. Во заседа, на најкукавички начин и без борба.
Никој и никогаш не одговараше и не беше именуван за одговорен на овој настан.
На 8 август 2001 година на автопатот Тетово – Скопје во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници – Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ, МАКЕДОНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВАТ НА ЗАБОРАВОТ!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ТЕТОВО
08.08.2023