Црвена младина на Меѓународен анти-империјалистички камп во Белград

cm

Секретарот на младинската организација на Левица – Црвена Младина, Кристијан Димков, учествуваше на анти-империјалистичкиот CENA камп во Белград. Кампот беше организиран од Светската Федерација на анти-империјалистичка Младина (WFDY), – меѓународна организација со над 100 членки од сите делови на светот. Домаќин на Кампот беше подмладокот на Новата Комунистичка партија на Југославија – СКОЈ, а присуствуваа левичарски организации и партии од дваесетина земји од Европа и Северна Америка.

На кампот се одржаа низа состаноци и голем број на билатерални средби помеѓу организациите учеснички. Беше реафирмиран заклучок дека воената алијанса НАТО е најголемата империјалистичка сила и затоа најголем императив на антиимперијалистичките организации е да работат заедно против воената машинерија, која својата моќ ја користи за угнетување на помалите народи и експлоатација на нивните ресурси.

Во рамки на кампот беше одржан меѓународен анти-НАТО протест во центарот на Белград во кој учествуваа сите присутни организации заедно со голем број граѓани на Србија, а главната порака беше: „Да за мир – Не за НАТО“! На протестот беше искажана посебна солидарност со репресираниот српски народ на Косово и Метохија.

Црвена Младина како единствена младинска левичарска организација и идеолошки наследник на македонските партизанско движење, а согласно со партиската платформа и левичарските начела, секогаш ќе дејствува против империјализмот како најголемо зло кое ги опресира помалите народи и држави и оттука зазема став дека само солидарноста помеѓу народите може да придонесе во градењето на поправеден свет.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЦРВЕНА МЛАДИНА
02.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ