Левица даде поддршка на протестот организиран од страна на пензионерите

протест пензи

Левица претставувана од Координаторот на Социјалниот сектор Катерина Јовановска, Координаторот на Трудовиот сектор Александар Димитријевиќ, Претседателката на АФЖ Весна Кираџиева и други членови на партијата, денес заедно со пензионерите излезе на улица за да ја изрази поддршката за барањата на пензионерите.

Нивната борба за добивање на минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари е апел за социјална правда.

Покрај пензионерите, кои што се стекнале со право на пензија преку старост, овој проблем ги опфаќа и децата на самохрани родители приматели на семејна пензија, како и примателите на инвалидска пензија.

Инаку овој протест, за жал, не доби поддршка од оние од кои најмногу требаше, а тоа се Партијата на пензионерите и Сојузот на пензионерите – кои се докажаа дека се продолжена рака на хибридниот режим на власт.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ