Денес, делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев и членовите на Президиумот, Бранко Ристов и Јован Крајевски, положија свежо цвеќе на Могилата на Непобедените во Прилеп – градот кој го најави организираниот отпор против фашистичкиот окупатор.
Почит кон народните херои, кои животот го положија за слободна и АСНОМ-ска Македонија, оддаде и нашиот член на Централниот Комитет – Иван Јованоски, кој вчера беше прекршочно осуден од судовите на Заевизмот.
Во овие тешки и мрачни времиња по македонската државотворност, македонскиот народ треба да е свесен дека, иако Републиката многу пати била поробена, таа никогаш не била покорена.
Во духот на АСНОМ, потсетуваме дека единственото средство кое не може да ни го одземат привремените квинслинзи – е борбата. Борбата ќе остане најсилното оружје кое повторно ќе помогне да не биде избришан македонскиот народ.
Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба, да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата.
Да живее АСНОМ – да живее Македонија!
#СмртНаФашизмот
#СлободаНаНародот
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
11.10.2022