Бугарските здруженија со понуди за купување на македонските клубови – сега го окупираат македонскиот спорт

БУГАРСКА АСИМИЛАЦИЈА

Од ФК ВАРДАР информираат дека добиле понуда од страна на бугарска фондација да го откупат клубот и истиот да стане бугарски, но од клубот е одговорено дека истиот не е на продажба!

Бугарските служби и здруженија се веќе спремни со веб страна која го претставува клубот како да е бугарски и упорно сакаат да се здобијат со сопственост на еден од најстарите и најуспешните клубови во Македонија!

Понуда од бугарски здруженија добиле и од ⚽ФК БРЕГАЛНИЦА од Делчево и од клубот експресно е одбиена оваа понуда.

Очигледно е дека некогашниот фашистички окупатор, покрај уставот пробува да се наметне и во македонскиот спорт кој што СДС и ДУИ го оставија на најниско ниво, па оттука и храброста на бугарските здруженија да почнат со откуп на македонски спортски клубови. Ако можат да не уценуваат со Уставот, зошто да не навлезат и да превземат се што е македонско?!

Ги повикуваме надлежните институции да покажат доблест и да го заштитат националниот спорт и спортските клубови.

Затоа НЕ за уставните измени и НЕ за окупација на македонскиот спорт!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
СЕКТОР СПОРТ
05.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ