Левица-Кавадарци оддаде почит на првоборецот Димката Ангелов-Габерот

352804449_640861824737977_5502172948394310997_n

На денешен ден, пред 80 години во борба со бугарскиот фашистички окупатор загина првоборецот Димката Ангелов-Габерот, една од најомилените историски личности во целиот тиквешки крај

Станал идол на македонскиот народ во моментот кога смело и остро му се спротивставил на министерот за здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ на митингот во Кавадарци, бранејќи го угнетениот македонски селанец.

По окупацијата бил секретар на Воениот и Месниот комитет на Комунистичката Партија за Кавадарци, а во 1943 година е назначен за политички комесар на штабот на Трета оперативна зона.
Загина на 10 јуни 1943 година кај месноста Клинска Леса во борба со бугарската војска заедно со соборците Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев.

Членови на Левица-Кавадарци денес положија свежо цвеќе на бистата на Габерот во Паркот на Револуцијата.

Слава му!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО КАВАДАРЦИ

10.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ